ВМРО-Народна партија откажа учество на изборите на 5 јуни
Партијата на Љубчо Георгиевски ВМРО-Народна партија нема да учествува на изборите закажани за 5 јуни.
Како што соопштуваат од оваа партија биле спремни да земат учество согласно препораките на меѓународната заедница.
Како причина за неучество на предвремените Парламентарни Избори ја наведуваат скандалозната одлука донесена од претседателот Ѓорѓи Иванов за аболиција на политичари од двете партии, со која се предизвика уште подлабока политичка криза и со тоа го закопа Пржинскиот договор, предизвика жестоки реакции и на внатрешно политички план и на меѓународната заедница.
ВМРО-Народна партија соопштува дека принципиелно нема да се приклони кон ниту една политичка партија, ниту пак има намера да потпишува декларации понудени од било која страна, притоа остануваат самостоен, независен и суверен политички субјект со препознатлива програма и идеологија што ја разликува од сите останати политички партии во Р.Македонија.
