ВМРО Народна: Нема абер од новите вработувања во Иванидол 2 и Тајмиште, Кичево пропаѓа
Премиерот Никола Груевски во месец Август ја пушти во изградба втората технолошка индустриска зона во општина Кичево,но во досегашниот изминат период не видовме ниту едно вработување, ниту еден оглас ни од првата индустриска зона ИВАНИДОЛ 2, обвинуваат од кичевскиот огранок на ВМРО - Народна партија.
Според партијата, од владеачката партија ветиле и нови 1 500 работни места со давање под концесија на рудникот за железна руда ТАЈМИШТЕ, но и ова како што велат, е само едно од низата предизборни трикови и празни ветувања за лов на гласови на следните избори.
Од ВМРО - Народна партија прашуваат до кога граѓаните на Кичево ќе чекаат да влезе некоја нова фабрика или инвестиција во двете индустриски зони.
Кичевчани со нетрпение го очекуваат првиот оглас на кој ќе можат да аплицираат за нови работни места, стои во партиското соопштение.
Слично
