Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО или СДСМ: Чиј партиски имот е поголем?

ВМРО или СДСМ: Чиј партиски имот е поголем?

Двете најголеми политички партии во Македонија се препукуваат чиј партиски имот е поголем.

Од опозициската СДСМ, излегоа со податоци дека седиштето и канцелариите на ВМРО-ДПМНЕ вреди повеќе од 11 милиони евра, а најголемиот дел од нив се купени во 2014 година.

„Во центарот на Скопје, на плоштадот ’Пела’, ВМРО-ДПМНЕ купила имот вреден речиси половина милион евра. Во Битола, вредноста на партискиот имот изнесува над 260 илјади евра. Во скопско Влае, ВМРО-ДПМНЕ има имот вреден над 230 илјади евра“, рече портпаролот Петре Шилегов, посочувајќи дека политичките партии, според закон, се непрофитабилни организации.

Од владејачката партија пак, убедуваат дека целиот имот на партијата е стекнат транспарентно и на законски начин, а новото партиско седиште е изградено со јавно-приватно партнерство.

Истовремено, од ВМРО-ДПМНЕ ја обвинија опозицијата дека молчи за потеклото за нејзиниот имот.

- Темата од која бега Шилегов е кога ќе им биде вратено на граѓаните тоа што беше приграбено од СДСМ? Имотот кој СДСМ го неследи од Сојузот на комунисти, беше создаван од парите на сите граѓани на Македонија. Овој имот кој СДСМ го присвои вреди над 5 милиони евра, рече Андон Чибишев, ВМРО-ДПМНЕ.

Слично

Поврзани вести