ВМРО го блокираше домот на Кирил Петков
Приврзаниците на бугарското ВМРО го блокираа влезот од станот на премиерот Кирил Петков, објави телевизија Нова во кратка репортажа.
Петков живее во близина на парламентот во центарот на главниот град Софија и оди пеш до Министерскиот совет и Националното собрание.
Денеска во Собранието ќе се расправа за изгласување недоверба на неговата влада, а ВМРО е меѓу партиите кои денеска ќе протестираат.
Европратеникот Ангел Џамбазки ги предводи активистите кои со транспаренти го оградија колективниот влез на зградата на премиерот. Го обвинуваат за национално предавство поради Македонија.
Слично
