Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ:СДСМ нема никакви конкретни барања за подобрување на буџетот

ВМРО-ДПМНЕ:СДСМ нема никакви конкретни барања за подобрување на буџетот

СДСМ нема никакви конкретни барања за подобрување на буџетот, туку единствена цел е негова целосна блокада, порачува ВМРО-ДПМНЕ во рекцијата на денешната партиска прес-конференција на потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски.

- Предлагаат 81 милион евра кратење на договорните услуги, а тоа се пари кои се издвојуваат од буџетот за здравствени услуги, за набавка на лекарства во здравството. Бара да се скратат 4 милиони евра за лабаратории, набавка која е веќе направена и се превземени  обврски. Да се скратат 3.5 милиони евра за изградба на училишни спортски сали и 4 милиони евра за спортски објекти. Предлага кратење на 10 милиони евра за реформи во полицијата. СДСМ е против капитални инвестиции во информатиката од 2.5 милиони евра. Бара да се скратат и 3.7 милиони евра за поправки и тековно одржување. Говори за задолжување, за заеми, а не кажуваат дека во нивно време се земени 7 ненаменски кредити и е издадена една еврообврзница од 150 милиони евра., се вели во рекацијата.

Сето ова, се додава, покажува дека целтта на СДСМ не е да направи добро за земјата и граѓаните, туку да го држи во заложништво буџетот, а со тоа и пензионерите, земјоделците, капиталните инвестиции, воопшто сите функции и субјекти на државата.

Слично

Поврзани вести