Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ:СДСМ лаже дека со прифаќањето на овој буџет ќе се дојде до грчкото сценарио

ВМРО-ДПМНЕ:СДСМ лаже дека со прифаќањето на овој буџет ќе се дојде до грчкото сценарио
ВМРО-ДПМНЕ  реагира на соопштението на СДСМ во кое партијата како евтин обид за глумење лажна конструктивност го оцени предлогот на министерот за финансии Зоран Ставрески да прифати 44 амандмани на буџетот за 2013 од кои 33 поднесени од СДСМ. - СДСМ со ова покажува дека не сака конструктивни разговори и покрај нашите напори, кои се искрени и сериозни и во функција да се излезе од ситуацијата во која СДСМ не втурна, туку дека се однесува дрско, неодговорно и антидржавно, само за да одбегне избори и финален пад и заминување на Црвенковски, се наггласува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ, се додава, досега со ова одбива 3 обиди за компромис. - Со ова Бранко Црвенковски директно ги гази и интересите на земјоделците, пензионерите, синдикатите, студентите, бизнисмените, администрацијата...само за да си создаде алиби да избегне избори и пораз. СДСМ лаже кога вели дека со прифаќањето на овој буџет ќе се дојде до грчкото сценарио. Напротив, Македонија и натаму останува меѓу најниско задолжените земји во Европасе вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ и се додава дека Светската Банка не би дала ниту заем ниту гаранција, ниту јавно признание и пофалби, ако земјата оди кон грчко сценарио.
Слично

Поврзани вести