Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ до Жерновски: или ја прикрива мафијата или лаже дека му нуделе мито!

ВМРО-ДПМНЕ до Жерновски: или ја прикрива мафијата или лаже дека му нуделе мито!
По вчерашното интервју на новиот градоначалник на Центар Андреј Жерновски, во кое тој ја обвини градежната мафија дека сака да го привлече со бизнис понуди, за тој да биде толерантен кон нив, од владејачката ВМРО ДПМНЕ и денеска побараа од Жерновски да ги открие имињата на оние кои наводно му нудат мито. Втор повик упати владеачката ВМРО – ДПМНЕ  до градоначалникот на Центар Андреј Жерновски да каже кој му нудел мито. „Поминува втор ден, а Жерновски сеуште не се охрабри да ги пријави или јавно да ги соопшти фирмите и лицата кои наводно му давале бизнис понуди, што преставува случај на корупција и нудење на мито“, повикуваат и денеска од Центарот за комуникација на ВМРО – ДПМНЕ. Од партијата бараат Жерновски да излезе и јавно да ги обелодени случаите на коруптивни понуди кои директно или индиректно пристигале до него. ВМРО – ДПМНЕ инсистира градоначалникот на Центар да ги каже имињата на фирмите или луѓето кои до него или до неговите блиски соработници доставувале бизнис понуди во вид на мито и корупција. Според нив доколку тој се уште молчи за случајот со наводните на бизнис зделки кои му ги нуди, како што самиот рече, урбаната мафија, тоа значи дека или ги прикрива или лаже. Новиот градоначалник на Центар во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека до него стасале таканаречени бизнис понуди во однос на градбите, но не биле во форма на закани. Што вчера изјави Жерновски Во неделното интервју на Радио Слободна Европа, градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, рече дека воопшто не го интересираат понудите на оние што градат, кои што веќе стигаат до него, за да замолчи или да не гледа што се случува. На прашањето на Слободна Европа дали се тоа парични понуди Жерновски вели: „Не се директно до мене, туку до моите соработници и еве ја користам оваа прилика да им упатам порака дека немам намера да влегувам во никакви преговори за она што е јасно кажано. Јас сакам, на крајот на краиштата не само како градоначалник, туку и како жител на овој град и на оваа општина, да го спасам Водно. Не велам јас сега ќе го спасам, треба сите да го спасиме, меѓутоа сè што е во ингеренции на мојата функција тоа и ќе го направам, затоа што Водно е комплетно уништено. Со секое доаѓање на нов градоначалник на Општина Центар градежната линија оди сè погоре и погоре. Денеска кога ќе го погледнеме Водно не гледаме планина, гледаме објекти, станбени комплекси итн. Тоа ќе мора да прекине, тоа ќе мора да го сфатат луѓето што работат таму, бидејќи тука сакам да бидам и ќе бидам бескомпромисен„ вели новиот градоначалник.  
Слично

Поврзани вести