Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ : Жално е што СДСМ ги користи елементарните непогоди за политички цели

ВМРО-ДПМНЕ : Жално е што СДСМ ги користи елементарните непогоди за политички цели

Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, со соопштение реагираа на обвинувањата од опозицијата.  По вчерашното невреме во Прилеп, членови на СДСМ  јавно го повикаа градоначалникот Марјан Ристески и ВМРО ДПМНЕ да одговорат каде се потрошиле неколкуте милиони евра за изградба на нова канализациска мрежа.

Според ВМРО -ДПМНЕ, тоа е жален обид да се искористат елементарните непогоди за политички цели.

,,Очигледно треба да Ви се објасни дека Општинскиот Штаб за заштита и спасување во Локалната самоуправа на Општина Прилеп не може да спречи поројни дождови, ниту истото може да го спречи Вашиот градоначалник во Струмица Заев, туку неговата улога е благовремено да реагира за да се намалат штетите од елементарните непогоди и да се санираат секаде каде што ќе се појават.

За таа цел, согласно законските можности, а секогаш во пресрет на граѓаните, формирана е Комисијата за проценка на штети која веќе е излезена на терен и постапува по барањата кои утрово беа поднесени во приемното одделение на Општина Прилеп, а се однесува на штети кои беа предизвикани од вчерашните обилни врнежи кои го зафатија Прилеп.

Ја замолуваме СДСМ, ако веќе не сакаат да бидат конструктивни и да помогнат во ситуации кога општината и граѓаните се зафатени од непогоди, кои се надвор од моќта на луѓето, тогаш да остават тоа да го направат тие кои од секогаш се грижат за доброто на народот и државата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Слично

Поврзани вести