ВМРО – ДПМНЕ: Заев смета дека граѓаните се виновни за неговиот пораз
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ смета дека лидерот на опозицискиот СДСМ на денешната пресконференција само ги повторил вчерашните ставови кои во основа значат дека за виновни за изборниот неуспех на опозицијата ги смета граѓаните.
„Се додека СДСМ не почне да ги бара грешките кај себе и да ја разбере пораката што граѓаните им ја упатуваат на сите избори, дека мора да променат нешто кај себе и да понудат реален и издржан концепт, СДСМ не може да се надева на успех“, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата на власт велат дека не се загрижени заради најавите на Заев дека има намера во следните две недели да го „разоткрие криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и начинот на кој Груевски победува на избори“.
„Прво, се најлошо што може да измисли и да каже за нас, веќе го направи и резултатот од тоа колку народот му верува, го виде. И второ, не може и граѓаните нема да му го прифатат недостатокот на концепт и реална програма да го анулира со негативна кампања“, стои во реакцијата.
Слично
