Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Заев си даде за право да говори во име на ДИК

ВМРО-ДПМНЕ: Заев си даде за право да говори во име на ДИК
Од ВМРО-ДПМНЕ денеска со соопштение реагираа на изјавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за фантомските гласачи. Во реакцијата  се вели дека Државната изборна комисија е таа што носи одлуки околу прочистувањето на избирачкиот список. “ Со неговата изјава, ја поништи Државната iзборна kомисија и си зеде за право да одлучува и да говори во нејзино име. Наместо ДИК, Зоран Заев зборуваше кои граѓани треба да бидат прогласени за спорни, кои треба да се прогласат за фантоми, па дури и за тоа кои граѓани треба да се избришат од  избирачкиот список” - се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Изјавата на Заев од владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја оценија како скандал.
Слично

Поврзани вести