Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Заев продолжува со монтираните разговори !

ВМРО-ДПМНЕ: Заев продолжува со монтираните разговори !

Владеачката гарнитура продолжува со истиот став за обвинувањата од опозицијата и аудио разговорите.

Тие преку соопштение велат дека Заев без поддршка од граѓаните продолжува да објавува креирани, сечени и монтирани материјали

„Наводите кои се обиде Зоран Заев да ги конструира во денешната прес конференција се чиста манипулација и невистина. Бомбастичните најави за креирани разговори се само доказ дека и Зоран Заев е свесен за своите манипулации.

Го потсетуваме Зоран Заев дека за истите конструкции беше испратено официјално соопштение од страна на Владата на Република Македонија, во кое јасно беше одговорено дека Никола Груевски не поседува никаков друг имот надвор од оној кој е пријавен во неговиот анкетен лист, а кој е и јавно објавен. Ваквите наводи на Заев и тогаш и сега се целосно измислени и невистинити.

Веќе и самиот Заев е свесен дека неговата деструктивна политика не поминува ниту кај неговото членство, а уште помалку кај граѓаните, па продолжва да се дозаглавува во сопствените манипулации. Тој многупати досега покажал дека материјалите кои ги објавувал се сечени, лепени, прилепувани, монтирани и ставани во манипулативен контекст. Впрочем тоа СДСМ го призна и во свое партиско соопштение.

Неговиот обид да се добере до власт без поддршка од народот, без избори, со помош на странски центри и соработници, веќе е прочитан.

Очигледно дека Зоран Заев станува се понервозен кога од сите страни се потврдува неговата соработка со надворешни центри кои не и мислат добро на Македонија, кога постојат признанија од лицата кои учествувале во нечесниот чин, а кои директно соработувале со Верушевски, и на крајот на краиштата кога самите граѓани му покажуваат дека ваквите ниски обиди не се прифатливи за нив.

Граѓаните не му веруваат на Зоран Заев, политичарот кој до гуша е заглавен во скандали, почнувајќи со случајот Глобал кога проневери 8 милиони евра и за што беше аболициран, преку тендерите на фирмите на неговите братучеди, стрини, чичковци и бизнис ортаци, обвиненија за мито, изјави за јадење живи луѓе, виткањето на кичмата  и слични други работи.

Народот е најмеродавен да каже кому му верува и на кого ја дава својата поддршка. Дали тоа е политиката на соработки со странски центри спротивно на нивните интереси, уцени, закани, монтирања и лаги кои ги прават Заев и СДСМ, или тоа е политиката на проекти, фабрики, нови патишта, училишта, болници, повисоки плати и пензии кои ги прави ВМРО-ДПМНЕ“, стои во нивната реакција.

Слично

Поврзани вести