Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Заев продолжува да тоне со контрадикторности и небулози

ВМРО-ДПМНЕ: Заев продолжува да тоне со контрадикторности и небулози

Откако опозицискиот лидер Зоран Заев денеска на прес конференција објави неколку разговори во кои како што тврди се прислушкувани повеќе од 20 000 граѓани меѓу кои тој и неговото семејство, негови сопартијци, министри за финансии, албански лидери и претставници од МПЦ, како и новинари од Владеачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека ова е сценарио кое нема да помине.

- Заев денеска започна со реализација на објавувањето на разни материјали за кои и самиот го извести премиерот Груевски дека се прибавени во соработка со странски служби, а за што е започната и постапка против него токму за овој случај, во кој дел од осомничените веќе имаат и признание дека работеле за пари и за странски служби, стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.

 „Заев само продолжува да тоне, и полн со контрадикторности и небулози, сака да направи цела македонска јавност, вклучително и неговите сопартијци, да се држат во заложништво, и јавноста да биде под уцена и да биде дефокусирана од реалните теми и потреби на граѓаните. Заев има една очигледна, проѕирна и површна намера да се претстави и себеси како жртва и тоа во ситуација, кога тој не е ништо друго освен марионета, која што работи и делува во функција на туѓи интереси. Сценариото нема да им помине и за се ова институциите во рамки на своите законски и уставни надлежности треба да ги утврдат сите факти и околности, но и мотиви и цели и на инспираторите, и на поддржувачите и на извршителите на ова сценарио“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од  владејачката партија повторно го повикуват  Зоран Заев доколку постојат било какви материјали, за кои се тврди дека упатуваат на евентуално противзаконско постапување на било кое лице, да ги достави до надлежните институции за понатамошно постапување и правна завршница во транспарентна и законска процедура.

Слично

Поврзани вести