Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Заев продолжува да ја турка земјава надолу

ВМРО-ДПМНЕ: Заев продолжува да ја турка земјава надолу
Откако опозицискиот лидер соопшти дека нема да оди на лидерската средба во Виена на покана на ЕУ доколку не бидат исполнети два клучни услови, од владеачката партија реагираат и велат дека Заев денеска и завртел грб на Македонија и потврдил дека неговата намера е продлабочување и ескалирање на кризата. „Зоран Заев денеска донесе неодговорна и деструктивна одлука бегајќи од разговори со кои треба да се трасира патот кој води кон избори и кон решавање на кризата. Зоран Заев денеска и заврти грб на Македонија и потврди дека неговата намера е продлабочување и ескалирање на кризата, затоа што тој и луѓето околу него можат да функционираат и да привлечат внимание само во време на криза“, изјави Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштението на владеачката партија стои и дека  „Заев со бегањето од разговорите закажани во Виена покажа дека само заради спасот на сопствената кариера има намера да ја држи Република Македонија уште долго во заложништво. На Зоран Заев не му е важна ниту иднината на земјата, ниту иднината на граѓаните. На Зоран Заев му е важен само Зоран Заев и интересите на невладините организации под капата на Сорос. Зоран Заев со денешната одлука стави свој печат врз нападите на полицијата, демолирањето на спомен обележјата, палењето и руинирањето на институциите и сите вандалски акти кои ги згрозија жителите на оваа земја. Тој покажа дека заканите кон полицијата „Куманово пак да ви се случи“ се негови зборови изговорени од друга уста. СДСМ стои зад целото насилство кое овие денови го видовме низ Скопје и низ Македонија. Тој потврди дека ќе оди до крај во намерите да  реализира насилни сценариа во Македонија.“ Оттаму тврдат дека „ВМРО ДПМНЕ било и ќе остане конструктивно кога е во прашање иднината на Република Македонија. Подготвени сме да учествуваме на разговори кои ќе значат излез од сегашната состојба“.  
Слично

Поврзани вести