Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Заев преку бизнисмените прави поткуп

ВМРО-ДПМНЕ: Заев преку бизнисмените прави поткуп

ВМРО ДПМНЕ го обвини Зоран Заев дека ги повикува бизнисмените да дадат поткуп пред референдум, откако премиерот ги повика управителите на фимрите да „го одврзат ќесето и да дадат поголеми плати“.

Портпаролот на најголемата опозициска партија, Наум Сотилковски, рече дека овој чин треба да биде казнет со закон и дека таквите повици не се дозволуваат. 

„ВМРО ДПМНЕ ги повикува правните органи да реагираат и да го санкционираат премиерот Заев за овој повик, кој ВМРО ДПМНЕ го смета дека е против законски“, рече Сотилковски.

Слично

Поврзани вести