Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Заев нанесува штета на безбедносниот систем

ВМРО-ДПМНЕ: Заев нанесува штета на безбедносниот систем
Во врска со денешните објавени аудио разговори од страна наопозицијата, со реакција покрај МВР и Сашо Мијалков се јави и владеачката гарнитура. Тие велат дека со вакво сценарио Заев му нанесува  директна штета на безбедносниот систем и капацитетот на институциите задолжени за безбедноста на граѓаните и државата. Како и досега го повторуваат ставот дека Заев преку лепени, прелепувани, креирани, сечени и вадени од контекст снимки директно нанесува штета на безбедносниот систем на земјава, а и на пријателски земји кои многукратно досега и помагале на Македонија во изградба на сериозен и стабилен безбедносен потенцијал. „Во минатите два месеци се изнаслушавме секакви обвинувања, манипулации и лаги, но ова денес е врвна неодговорност на Зоран Заев, не кон нас, туку кон државата, кон безбедносните служби, кон пријателските држави и кон сигурноста на граѓаните. Зоран Заев денеска им докажа и на најголемите поддржувачи на СДСМ дека свесно сака да ја наруши стабилноста на државата и да предизвика проблеми од поголеми размери. ВМРО-ДПМНЕ е сериозна партија која нема да му дозволи нему и на неговите соработници да си поигруваат со безбедноста на државата“, стои во нивната реакција. ВМРО-ДПМНЕ ги повтори реакциите на МВР, дека се работи за донација која е добиена од  пријателски служби  а која се однесува на капацитетот на специјалните единици на МВР, а не е опрема за УБК, ниту за прислушување е еден од столбовите на силата и опременоста на специјалните единици на МВР и при истата биле почитувани ите законски процедури. „Поигрувањето со ова прашање значи помината линија на ум и разум кај лидерот на СДСМ“, со оваа реченица заврушува нивото соопштение.  
Слично

Поврзани вести