Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ:Заев ја саботира средбата во Виена, важен му е само личниот интерес

ВМРО-ДПМНЕ:Заев ја саботира средбата во Виена, важен му е само личниот интерес

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ и Зоран Заев се директни виновници на кризата во која што се наоѓа Република Македонија.

Тие се директни виновници и за продлабочувањето на тензиите, изјави денеска на прес-конференција Антонио Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Заев со саботажата на средбата во Виена покажа дека нему му е важен само личниот интерес, а не му е важен интересот на државата и на граѓаните.

„Сметаме дека ваквата деструктивна политика и однесување на Заев ќе продолжи бидејќи е свесен дека не ја ужива поддршката на народот и затоа е уплашен да се појави на избори и да ја понуди својата програма. Подготвени сме да работиме со нашите меѓународни партнери за да осигураме дека тие ќе бидат во мирна, фер и демократска атмосфера“ - кажа  Милошоски.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е стабилност на државата демократски избори на 5 јуни, крај на кризата  и враќање кон реформите, градење на патишта, болници, поддршка на земјоделците и отворање нови работни места.  Милошоски на прес-конфернцијата потенцираше дека избори на 5 јуни ќе има.

Слично

Поврзани вести