ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Јанева мислат дека се над Уставот на Македонија
Владејачката партија реагираше на обвинувањата на СДСМ дека судот со тоа што одбива да и даде копии од доказите на Катица Јанева, за случајот „Пуч”, покажува дека „избегнува, одолговлекува и не сака да утврди правда“.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека денеска обвинетиот Зоран Заев срамно и недолично го нападнал судот со аргументите со кои претходно судот бил нападнат и од Катица Јанева.
„Заедничко за двете изјави е тоа што и обвинетиот Зоран Заев и Катица Јанева сметаат дека се над судот, над законите и Уставот на Република Македонија и дека тие се факторите кои треба да му наложат на судот како треба да работи.
Заев одбива да се појави на закажаните судски рочишта за „Пуч“ како и за „поткупот за 100.000 евра за Вицето“ а редовно се појавувал на рочиштата во судот во Струмица во кој тој се јавувал како странка што тужи. Ваквата симбиоза меѓу обвнитетиот Зоран Заев и Катица Јанева не е нова. Јавноста сеуште го памети скандалот кога Катица Јанева без увид во предметот и документацијата одлучи дека нема потреба од притвор за обвинетиот Зоран Верушевски, а потоа обвинетата Соња Верушевска за ваквата одлука на Катица Јанева јавно му се заблагодаруваше на Зоран Заев за ослободувањето од притвор на нејзиниот сопруг “ се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
