Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ:Заев досега не побара да му биде укината аболицијата

ВМРО-ДПМНЕ:Заев досега не побара да му биде укината аболицијата

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека одбивањето на СДСМ да учествува во расправата за донесување на измени на Законот за помилување е ново бегство на Зоран Заев од одговорноста и излегување на површина на лицемерието дека наводно се залагал за укинување на аболициите.

„Зоран Заев досега не побара да му биде укината аболицијата за „Глобал“, случај во кој што истиот се товари дека незаконски се стекнал со 8 милиони евра. Измените во Законот што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ нудат токму таква можност, да биде повлечена аболицијата на Зоран Заев и државата да ги врати осумте милиони евра за кои е оштетена во случајот „Глобал“. Република Македонија треба и мора да тргне напред. Република Македонија не смее да остане заложник на стравот на Зоран Заев од избори. Владата мора да биде функционална и да реализира проекти во полза на граѓаните. Владата мора да работи на приоритетите и реформите за постигнување на европските стандарди“-реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Објаснуваат дека не постои ниту едно образложение зошто кадрите на СДСМ би останале во Влада, во ситуација кога нивниот лидер не е подготвен да излезе на изборно соочување.

Слично

Поврзани вести