Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ ЗА ПОСКАПУВАЊЕТО НА ГОРИВАТА: Владата буквално го зема и последниот денар од граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ ЗА ПОСКАПУВАЊЕТО НА ГОРИВАТА: Владата буквално го зема и последниот денар од граѓаните

Цената на горивата за две недели се зголеми за над 10 денари по директно барање на СДСМ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. 

„Денес нема да излезе во јавност ниту Коста Петров ниту Заевиот советник Битиќи да соопшти дека зголемувањето на акцизата нема да влијае на стандардот на граѓаните затоа што цената на горивата вртоглаво расте. Го измамија и излажаа народот. Реалноста е дека денешната одлука за покачување на цената на горивата и до 3 денари е дел од грабежот врз граѓаните и стопанството кој СДСМ го започна со покачувањето на акцизата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Велат дека првин беше нелогичното покачување на акцизата за 3.5 денари, потоа на 11 мај следеше покачување за нови 3.5 денари, за на 11 мај да имаме повторно покачување од 1 денар, а денешното покачување во низа за период од две недели придонесе граѓаните да плаќаат 10 денари повеќе за литар бензин, во споредба од пред две недели.

„Во ек на корона криза, кога економијата трпи огромни штети, давачките за горивото – основен енергенс и двигател на многу дејности дополнително се зголемуваат и тоа по директно барање од страна на СДСМ. Владата буквално го зема и последниот денар од граѓаните и стопанствениците, само за да ги покрие дупките во буџетот кои се настанати од нивното неработење и недомаќинско управување“, стои во реакцијата. 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 8,50 отсто. 

Од полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 3,00 ден/лит и ќе изнесува 57,50 денари.  Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,50 денари за литар и со тоа малопродажните цени ќе изнесуваат: 59,50 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-98, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 49,50 ден/лит, додека малопродажната ценана Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќеизнесува 37,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 3,929 ден/кг и ќе изнесува 23,427 ден/кг.

Слично

Поврзани вести