Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО ДПМНЕ vs СДСМ, две јатрви во селски атар или сериозна гебелсистичка пропаганда!

ВМРО ДПМНЕ vs СДСМ, две јатрви во селски атар или сериозна гебелсистичка пропаганда!
Не запираат препукувањата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои меѓусебно веќе две недели се обвинуваат за непотизам. Речиси секојдневно, од партиските говорници се држат пресови со обвинувања и контра-обвинувања за тоа во чии редови има повеќе непотизам, и кој со какво богатство се стекнал. Станува збор за негативна кампања, велат политиколозите. Таквата негативна кампања има за  цел да дискредитира некого, со оглед дека се работи за обвинувања за прекршувања на моралните вредности. Во сето тоа важни се аргуметите со кои политичарите се обвинуваат меѓусебно, а токму од тоа ќе зависи и успехот на таа негативна кампања.
„Прашање е колку во сето тоа што го пласираат има криминал или се работи само за обвинувања кои имаат морален аспект. Во ситуацијава, повеќе се работи за прекршени морални норми со кои се сака да се покаже каков е профилот на одреден полтичар. Граѓаните со тие информации за отстапување од некои морални норми ќе си создадат слика и ќе донесат суд за тоа за каков политичар се работи. Бидејќи, можеби не е казниво ако му дадеш или направиш нешто за близок роднина, но тоа говори за профилот на политичарот. Јасно е дека целта е дискредитација, но сепак се зависи од аргументацијата. И, ако се излегува со непотркепени аргументи тоа може да доведе до негативен ефект“, вели за Фактор политикологот Владимир Божиновски.
За разлика од Божиновски, аналитичарот Мерсал Биљали смета дека токму владејачката ВМРО-ДПМНЕ е партија која најмалку има право да зборува за прекршување на моралните норми и за злоупотреби, кога според Биљали, ВМРО-ДПМНЕ го прави она за кое ги обвинува другите.
„Мислам дека се работи за гебелсистичка пропаганда. Тоа би билo така кога претходно ќе имавме констатција на надлежни институции дека имаме злоупотреби. Но, ВМРО-ДПМНЕ најмалку има морално право да се повикува на злоупотреба, кога таа самата ќе треба да објасни колосални злоупотреби што се имаат случено во сферата на тендерите“, вели за Фактор аналитичарот Мерсел Биљали.
И политикологот Петар Арсовски се согласува дека станува збор за негативна кампања која полтичарите ја користат за да дискредитираат некоја личносот во политиката, а целта на оваа негативна кампања што деновиве е присутна во македонската јавбнос е да се креира политичка тензија.
„Тоа е само една негативна кампања. Нема во тоа ништо суштински, нема суштински потег туку има само за цел да се создаде политичка тензија, вели за Фактор политикологот Петар Арсовски.
Обвинувањата за непотизам траат веќе две недели. Владејаччака ВМРО-ДПМНЕ стартуваше со серијал на прес конференции, кои секој ден ги држи различен министер и во кои се нудат нови аргументи дека Зоран Заев, како градоначалник на Струмица делел теднери на свои блиски роднини. На ваквите обвинувања следува реакција на СДСМ, во која пак тие бараат од власта да одговори зошто роднините на премиерот Никола Груевски се на клучните позции во владата и дали се тие носители на клучните бизниси во земјава, како и аргументи кои сега најверојатно ќе се докажуваат во судските инстанци за богатството на министерката Гордана Јанкуловска. Кои беа вчерашните обвинувања меѓу партиите? ВМРО-ДПМНЕ Ако пред две недели презентиравме факти со кои почнавме да го разобличуваме системот на  Зоран Заев за лично и семејно богатење, денес ќе презентираме нови факти кои на овој скандал му даваат многу поширока и позастрашувачка димензија, изјави од партиската говорница Спиро Ристовски. „Зоран Заев освен на татко му, чичко му, братучедите, стрина му и снаа му, јавни набавки доделувал и на фирмата на сопругот на пратеничката од СДСМ Цветанка Иванова и тоа во многу наврати. Во тоа не би требалo да има ништо лошо, според законите како што вели Зоран Заев, но има многу голем проблем знаејќи го фактот за политичката поврзаност и близина на Зоран Заев и Цветанка Иванова. Општина Струмица на ден 26.10.2010 година склучува договор за јавна набавка со фирмата Дикор ЦД ДООЕЛ Струмица во сопственост на Димчо Иванов т.е. сопругот на познатата пратеничка од СДСМ, Цветанка Иванова. Зоран Заев на сопругот на пратеничката од СДСМ Цветанка Иванова му исплатил 3.555.663 денари само по овој основ, изјави Ристовски. СДСМ Не е ли непотизам и судир на интереси назначувањето на првите братучеди и кумот на премиерот Груевски за контролори на севкупниот општествен и стопански живот во Македонија, преседан незабележан во поновата политичка историја на Европа, реагираа од СДСМ. „Дали Сашо Мијалков,братучедот на Никола Груевски се стекнал со фантастични една милијарда евра? Како Гордана Јанкулоска,Влатко Ѓорчев и други високи функционери на ВМРО ДПМНЕ, се збогатиле од чиновнички плати? Дали Груевски, Мијалков и Ставрески се мозокот на операцијата во којашто, во последниве 7 години, се одлеани повеќе од 3,5 милијарди евра пари на граѓаните во непознат правец и во приватни џебови? На темата чест и морал, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, е подготвен на директно телевизиско соочување со Никола Груевски, кога премиерот ќе собере храброст за ваков јавен настап, пишуваше во вчерашната писмена реакција на СДСМ. Н.С.
Слично

Поврзани вести