Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Во времето на СДСМ немаше “И” од информатичка технологија

ВМРО-ДПМНЕ: Во времето на СДСМ немаше “И” од информатичка технологија
Од владејачката партија, со соопштение реагираа на изјавата на Љупчо Николовски, кој побара објаснување од министерот Иво Ивановски за неговото заминување. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во времето на Ивановски се донеле значајни реформи какви што опозицијата никогаш немала направено. ,,Во време на СДСМ немаше “И” од информатичка технологија, освен срамниот скандал на Шекеринска и тендерите кои ги добиваше Семос. Во време на СДСМ пристапот до интернет беше 9 а сега е 70%. Тогаш немаше, а сега има компјутери во сите основни и средни школи. Тие не даваа, а ние даваме ваучери за студентите да набават таблет компјутер. Цената на телефонскиот импулс сега е за 80% поефтина отколку во време на СДСМ. Има дигитална телевизија и 4G мобилна телефонија" - објаснуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата на Груевски, додаваат дека токму поради овие работи и нивните проекти на кои работеле, опозицијата на следниве избори ќе доживеела голем пораз.

,,СДСМ нека продолжи со својата зачмаеност, ние продолжуваме со работа на над 2000 проекти" се вели во реакцијата на ДПМНЕ.

   
Слично

Поврзани вести