ВМРО ДПМНЕ во Охрид, Прилеп, Битола, Штип, СДСМ во Струмица, Велес, Центар, Јакимовски во Карпош!
Според досега пристигнатите резултати во изборните штабови на двете партии може да се заклучи следната слика за поголемите општини во Македонија.
ВМРО ДПМНЕ е во предност пред кандидатите на СДСМ во Охрид, Битола, Прилеп, Аеродром, Кисела Вода, Бутел, Штип, Крушево, Гевгелија а предност има и во најголем број од помалите општини низ земјата. ВМРО ДПМНЕ јавува за изедначена битка во Струмица.
СДСМ пак велат дека имаат предност во Струмица, Велес, Центар, Ѓорче Петров. Тесна е битката во Куманово, но со предност на СДСМ.
Во Карпош убедлива е предноста на Стевче Јакимовски пред двајцата кандидати на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.
ДУИ, пак води во Тетово, Кичево, Чаир, Гостивар, Дебар. Во Струга во вториот изборен круг одат кандидатите на ДПА и на ВМРО ДПМНЕ.
Слично
