ВМРО-ДПМНЕ: Владата сама одлучува кои фирми ќе бидат на слободниот пазар на електрична енергија
ВМРО-ДПМНЕ упати реакција до Владата дека испраѓа известувања на фирми дека повеќе нема да бидат на регулираниот пазар, каде што во моментов е поевтина електричната енергија, и дека ќе мора да се префрлат на слободниот пазар.
„Деновиве сите фирми на регулираниот пазар кои се префрлиле со цел да ги намалат трошоците од енормното зголемување на електричната енергија, добиваат писма дека на сред грејна сезона во најголемата енергетска криза ќе бидат исклучено од регулираниот пазар само за тоа што така одлучила владата“, реагира најголемата опозициска партија.
Владата претходно единствено официјално извести дека е донесена одлука за забрана јавните претпријатија за улично осветлување да купуваат струја од регулираниот пазар за да се растовари ЕСМ. Тие ќе мора да се преселат на регулираниот пазар, а ЕВН да им ги раскине договорите.
-Сепак, нема да дозволиме злоупотреба на Законот за енергетика и на правилата во делот на енергетскиот систем како што прават одредени општини со јавното осветлување со префрлање од слободен на регулиран пазар. Со новата одлука тие не траба да бидат прифатени од ЕВН дистрибуција како такви. Со тоа ќе се ослободи просторот што моментално го покрива ЕСМ, а истото важи и за одредени банки, казина, приватни средни и основни училишта и некои други компании, посочи претходно министерот за економија Крешник Бектеши.
