ВМРО – ДПМНЕ веќе објави победа за Иванов
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ објави дека нејзиниот кандидат Ѓорге Иванов убедливо победил во првиот круг од претседателските избори. Според Влатко Ѓорчев, досега во партијата се пристигнати резултатите од околу 80% од преброените гласови.
„Овие бројки гарантираат поубедлива победа од она што го имавме како најава. Иванов има 381.000 гласови, а само 273.000 Стево Пендаровски“, рече Ѓорчев.
Тој ги наведе општините во кои разликата е поголема, а на ниво на држава, според него, разликата е повеќе од 100.000 гласа.
Слично
