Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО ДПМНЕ: Уставно да се дефинира бракот како заедница меѓу маж и жена

ВМРО ДПМНЕ: Уставно да се дефинира бракот како заедница меѓу маж и жена

Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ во Собранието денеска покрена инцијатива за измена на Уставот со цел бракот да се дефинира како заедница исклучиво меѓу еден маж и една жена, изјави пратеникот на владејачката партија Влатко Ѓорчев.

Со тоа, ВМРО-ДПМНЕ, планира во рамките на Уставот да ја вгради можноста посвојување на деца да им биде дозволено исклучиво на заедница составена од родители од различен пол, како и од самохрани родители информираше денеска пратеникот Влатко Ѓорчев. Тој потенцираше дека со иницијативата пратеничката група на владејачката партија побарала уставно дефинирање на бракот како заедница меѓу еден маж и една жена, а децата без родители да можат да бидат посвојувани само од брачни парови во кои ќе има еден маж и една жена или од самохрани родители.

Влатко Ѓорчев рече дека оваа иницијатива во огромно мнозинство е поддржана од народот согласно традиционалните вредности и изрази надеж дека ќе биде поддржана од сите политички партии. За да се донесат уставните измени, предлогот на ВМРО-ДПМНЕ мора да го поддржи и опозициската СДСМ, бидејќи за вакви интервенции е потребно дво-третинско мнозинство. Во Уставот на Република Македонија, член 40 до денеска пишува: „Републиката му обезбедува посебна грижа и заштита на семејството. Правните односи во бракот, семејството и вонбрачната заедница се уредуваат со закон. Родителите имаат право и должност да се грижат за издржување и воспитување на децата. Децата се должни да се грижат за старите и изнемоштени родители. Републиката им обезбедува посебна заштита на децата без родители и децата без родителска грижа.

Ѓорчев, исто така, нагласи дека уставните промени ќе се однесуваат само на брачната дефицинија и нема да има никаков други интервенции во Уставот.

Слично

Поврзани вести