Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Услови за избори има-проценката на ЕУ и САД е политичка одлука!

ВМРО-ДПМНЕ: Услови за избори има-проценката на ЕУ и САД е политичка одлука!

Денеска после вчерашниот извештај за оценката на меѓународниот од владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ се изјаснија дека постојат услови за фер и демократски избори.

Оттаму велат дека СДСМ поради страв сака пролонгирање на кризата и СДСМ е подготвена на се за да го направи тоа.

„Претставниците на САД и ЕУ не презентираа ниту еден сериозен и кредибилен аргумент во прилог на тезата за неподготвеноста на Република Македонија за избори со што е јасно дека станува збор за проценка базирана на политичка одлука, а не факти. Во претходните денови, во интензивната комуникација со нив, на сите нивоа, како политичко, така и техничко, се уверивме дека нема валидни аргументи за одложување на изборите. Затоа вчера ја повикавме Државната изборна комисија, партиите и засегнатите меѓународни претставници на јавна дебата. Затоа Претседателот на ДИК вчера се криеше и избегнуваше средба во текот на целиот ден“, порачаа од владеачката гарнитура.

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека овие состојби  може да ја воведат земјата во нови проблеми и наместо кон излез од кризата да ја однесат кон нејзино продлабочување, спротивно од тоа што го очекуваат граѓаните и од политичките чинители во земјава и од меѓународната заедница.

„СДСМ е единствената опозиција што се гордее дека измолила негативен извештај кај меѓународните претставници со кој би го аргументирала бегството и стравот од соочување со граѓаните на избори. СДСМ никогаш не дошла на власт со програма и проекти и знаат дека не можат да го сторат тоа. Единствениот начин што им преостанува е преку деструкција, подметнувања и оцрнувања на сопствената земја и институции што е можно подолго, технички да останат во Владата“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Слично

Поврзани вести