Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ ТВРДИ:Не се согласуваме со одлуката на Иванов за аболицирање

ВМРО-ДПМНЕ ТВРДИ:Не се согласуваме со одлуката на Иванов за аболицирање
Преку соопштение на официјалната страна од партијата на ВМРО-ДПМНЕ велат дека се фрапирани од одлуката на претседателот Ѓорге Иванов во која тој рече дека донел одлука и истата ќе ја потпише а се однесува на аболиција за политичари од власта и опозицијата за кои е поведена кривична постапка. „Ставот на ВМРО ДПМНЕ кон сето ова што се случува во државата е јасен, не може да не одговараат луѓето кои повеќе од година и пол ја држеа Македонија во заложништво, ги кршеа законите, ги уриваа институциите на државата и го закрвуваа народот. ВМРО ДПМНЕ со фрапираност и неверување ја проследи прес конференцијата на Претседателот Ѓорге Иванов. ВМРО ДПМНЕ не се сомнева дека Претседателот Иванов секогаш имал чесни и добри намери и постапки, водејќи се од националните и државни интереси и идејата за национално помирување и единство, кое сметаме дека е секогаш потребно. Сепак во конкретниов случај би сакале да изразиме силно несогласување со оваа негова постапка. Сметаме дека со овој потег, се оневозможува нашата воља и напор да се разобличат сите конструкции, лаги и манипулации,  кои ни беа наметнувани и  беа насочени кон нас како дел на едно однапред смислено сценарио. Со многу работи со претседателот Иванов сме се согласувале и имаме високо мислење за него, затоа што секогаш се водел од државниот и национален интерес, но ова е прашање за кое имаме сериозни и длабоки несогласувања“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.  
Слично

Поврзани вести