ВМРО-ДПМНЕ тврди дека осомничените функционери не се во бегство
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ги демантира информациите на одредени медиуми дека поранешни министри на партијата, против кои се отворени истражни постапки во првата акција на Специјалното јавно обвинителство „Титаник“, наводно ја напуштиле државата и побарале засолниште во некоја од амбасадите.
„Луѓето од ВМРО-ДПМНЕ, за кои што пласирате дезинформации дека наводно се во бегство или наводно побарале прием во странски амбасади, ниту се во бегство, ниту побарале прием во било која амбасада. Крајно непрофесионалното постапување и грубото дезинформирање наложено од штабот на СДСМ може да го проверите со најобичен повик до сите амбасади”- стои во демантот на ВМРО-ДПМНЕ.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2016/02/12/prvite-luge-na-gruevski-glavni-osomnicheni-vo-aktsijata-titanik/" target="blank" ]Првите луѓе на Груевски главни осомничени во акцијата „Титаник”[/button]
