Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека имотот е купен по законска постапка

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека имотот е купен по законска постапка

Откако опозициската СДСМ ја обвини владеачката гарнитура дека купила огромен имот за малку пари , од партијата на власт демантираат дека на крајно транспарентна и законска постапка е купен имотот и истиот бил наменет за седишта за Општинските Комитети низ земјава во кои што членовите би имале елементарни услови за работа.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ваквиот начин за работа за СДСМ е неразбирлив и не треба да ги чуди што  инфраструктурата на партијата се гради од нула и се грижи за сопствените ресурси.

Од оваа партија пак објавија дека за разлика од владеачката партија СДСМ располага со имот вреден најмалку 5 000 000 евра и дека тој имот е наследство од Сојузот на комунисти, а е граден со пари од сите граѓани.

Го запрашаа опозицискиот лидер  Заев, кога ќе го врати имотот со кој СДСМ располага, а е граден со пари на сите граѓани и чија вредност достигнува над 5 000 000 евра?

Слично

Поврзани вести