Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО ДПМНЕ: Црвенковски ги создаде стечајците, а сега лицемерно нуди неиздржани решенија!

ВМРО ДПМНЕ: Црвенковски ги создаде стечајците, а сега лицемерно нуди неиздржани решенија!
Последниве 20 години македонското општество функционира по следниот шаблон: СДСМ кога е на власт ги создава проблемите, а кога е во опозиција лицемерно се нуди да ги решава. СДСМ и Бранко Црвенковски ги создадоа стечајците во Република Македонија. Тие се плод на нивната промашена приватизација, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ. „Од вкупно 1.726 претпријатија со општествен капитал во 1992 година, 1.488 претпријатија се приватизирани во периодот од 1992 до 1999. Продажбата се одвиваше преку различни модели, но епилогот секогаш беше ист -  фирмите беа обезвреднети и така преземани од тогашните водечки структури, кои понатаму СДСМ ги промовираше во олигарси. Резултат: затворeни 674 фирми, фабрики и комбинати, од кои 154 беа големи. Оставени беа без работа 200.000 граѓани на Република Македонија, 200.000 семејства осиромашени – доведени до работ на егзистенцијата“ велат од партијата. Сметаат дека кога по втор пат СДСМ и Црвенковски дојдоа на власт во 2002-та имаа можност да го решат проблемот со стечајците, но тоа не го направија. „ВМРО-ДПМНЕ е првата политичка партија која седна да ги решава проблемите на стечајните работници. Со Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 во позитивна насока беа решени судбините на околу 2.500 лица. Ова е прв ваков закон донесен во Македонија со кој им се помага на оваа категорија граѓани„ се вели во соопштението. Дополнително, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, пишува во реакцијата, преку Агенцијата за вработување донесе низа мерки за стимулирање на вработување на лица од оваа возрасна и социјална категорија на граѓани. Се спроведе проект за субвенционирање на вработување на постари лица од 55-62 години, со месечна финансиска поддршка во износ од 15.000 денари за период од 6 месеци со обврска на работодавачот да ги задржи на работа најмалку уште 12 месеци. Тука е и проектот за вработувањето на лица кои ќе бидат ангажирани за вршење јавни работи во Општините. Затоа разликата е очигледна, СДСМ создава проблеми, ВМРО-ДПМНЕ ги решава, а потоа лицемерието да биде поголемо – СДСМ како опозиција предлага неиздржани решенија на истите оние проблеми, кои ги создале кога биле на власт, завршува во реакцијата владејачката партија.
Слично

Поврзани вести