Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Судбината на младите во Македонија ја закопа СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Судбината на младите во Македонија ја закопа СДСМ
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ смета дека младите социјалдемократи се лицемерни со нивната денешна пресконференција на која алармираа за состојбата на младите во Македонија. „Токму нивната партија ја закопа судбината на илјадници млади луѓе во Македонија. Тие ја оставија Македонија со рекордна, највисока стапка на невработеност од над 38 отсто и не обезбедија ниту едно ново работно место, а најмалку за младите“, се вели во реакцијата. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ нема реализирано ниту процент од тоа што актуелната власт го прави за младите во Македонија. „Денес младите имаат поголем пристап до високото образование како чекор до поголем успех во животот. Отворени се нови универзитети, факултети и дисперзирани студии и намалена е партиципацијата за студирање од 1.000 евра од времето на СДСМ, на 200 евра. За разлика од времето на СДСМ кога студирањето беше луксуз и кога се образуваа само богатите синови на олигарсите од нивната партија, денес студирањето е достапно за огромен број млади во Македонија. Дополнително, донесени се и многу други мерки со кои што се обезбедува задолжително и бесплатно средно образовение, бесплатни учебници и превоз за учениците“, се наведува во реакцијата, во која се додаваат и други мерки преземени за да се подобри состојбата на младите во Македонија.
Слично

Поврзани вести