Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Сорос раководи со СДСМ а не Заев!

ВМРО-ДПМНЕ: Сорос раководи со СДСМ а не Заев!

После денешната прес конференција на која опозицискиот лидер објави нови, како што тврди прислушувани разговори, на кои акцентот беше ставен на присушувани невладини организации од владеачката партија излегоа со реакција.

Имено, тие велат дека Зоран Заев не е претсeдател на СДСМ и дека неговата партија ја раководи фондацијата СОРОС, Владимир Милчин, Бранко Геровски, Сашо Ордановски и Љубомир Фрчковски

„Неслучајно Заев, денес ги наброја невладините организации кои работат за СОРОС, но и директно за СДСМ, па подоцна врз база на едно договорено сценарио, истите тие треба да излезат и да го потврдат тоа што тој го говореше и да се прикажуваат за жртви. Ова е крајно провидно и смешно сценарио кое се претвори во очаен обид да се спаси личната кариера на Заев, раководството на СДСМ и кариерите на платениците од СОРОС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата на власт, Заев сака да дојде на власт без избори и без поддршка од граѓаните.

„СДСМ од ден во ден станува партија која што на секој возможен начин се обидува да ја втурне Македонија во калта во која самите се заглавија и од која не знаат како да излезат. Македонија силно ќе одговори на ваквите црни сценарија на Заев и СДСМ и народот на изборите ќе му ја врачи најголемата и најсилна “бомба” со која што Заев некогаш се соочил“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слично

Поврзани вести