ВМРО-ДПМНЕ со протест ќе бара ослободување на Талески од домашен притвор
Поддржувачи и членови на ВМРО-ДПМНЕ за денеска во 10.30 часот најавија протест за ослободување на битолскиот градоначалник Владимир Талески пред Основниот суд Скопје 1 Скопје.
Кривичниот суд во Скопје во петокот му определи мерка домашен притвор за Талески, откако СЈО ја обжали првичната одлука да му се одземе само пасошот.
Тој е еден од осомничените во случајот „Транспортер“, во кој 22 лица се товарат за незаконски тендери за транспорт на учениците во општина Битола.
Талески беше помилуван од шефот на државата, Ѓорѓе Иванов , но по укинување на аболицијата, СЈО побараа мерка притвор за него.
Слично
