Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ со промена на локацијата за утрешниот собир

ВМРО-ДПМНЕ со промена на локацијата за утрешниот собир

Владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ е принудена да ја промени локацијата на одржување на утрешниот собир, поради опозицијата која денес организира масовен митинг пред Влада и планира да остане таму се додека премиерот не поднесе оставка.

Од ВМРО-ДПМНЕ го замолиле Заев неколку часа да се дислоцираат, бидејќи таму го планирале протестот , како што велат за да има споредба, колку народ ќе дојде да ги поддржи едните а колку другите.

– На разговорите во Клубот на пратениците пред некој ден, Никола Попоски го замоли Заев ако може в понеделник, тие што планира да ги остави во шатори, неколку часа да се дислоцираат, бидејќи ние таму го планиравме протестот – за да има споредба, колку народ ќе дојде да ја поддржи неговата криминална кауза, а колку ќе дојде на собирот за поддршка на Македонија. Тој одби и кажа дека нема да ги повлече луѓето поради што ќе ја промениме локацијата која дополнително ќе се соопшти. По тоа гледам дека Заев сака да дојде до судир, да има проблеми за во тој хаос што би се создал, кога би се судриле граѓани, да најде начин како да се извлече од сите незаконски, криминални работи што досега ги напарвил – истакна вчера премиерот Груевски.

Премиерот порача дека очекува денешните протести да бидат мирни и ненасилни, а доколку има обиди за инциденти на истите ќе се реагира, соодветно, во  согласност со демократските принципи, Уставот и со законите.

Исто така, Груевски, нагласи дека нема да дозволи насилство на протестот што го организираат утре , а чија локација засега не се открива.

Слично

Поврзани вести