Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ со нови предлози, партиите далеку од компромис

ВМРО-ДПМНЕ со нови предлози, партиите далеку од компромис

Без напредок заврши попладневната средба на четирите политички партии, кои во посредство на Питер Ванхауте денеска требаше да ги „вратат во живот” преговорите кои веќе два дена беа блокирани.

Работните групи заглавија кај прашањето за прочистувањето на Избирачкиот список и реформите во сферата на медиумите.

На денешната средба, ВМРО-ДПМНЕ доставиле нов предлог за спорните точки, а останатите страни имаат време за меѓупартиски консултации до утре.

На прашањето како другите партии реагирале на предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, Ванхауте само кусо одговори дека состојбата е критична.

Работните групи повторно ќе се сретнат утре во 18:30 часот.

Слично

Поврзани вести