ВМРО-ДПМНЕ: Снимките на Заев се монтажа, ќе се докажуваме на суд
За владејачката ВМРО-ДПМНЕ аудио снимките што ги објави лидерот на опозицијата Зоран Заев од телефонските разговори во кои наводно се договара продажбата на Македонска банка се чиста измислица и класична монтажа.
„Наводите искажани од господинот Зоран Заев се целосно неточни и целосно измислени. Се работи за класична монтажа за нешто што во најголем дел не ни наликува на гласот на Никола Груевски. Во самата монтажа има многу грешки, спротивности и детали кои се побиваат едни со други и се крајно нелогични. Очигледно добро се потрудиле колегите и наместо продуктивно, времето го трошеле за вакви работи, но за нивна жал ќе се уверат дека и ова нема да им пројде“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата уште еднаш најавуваат тужба за клевета и навреда за лидерот на СДСМ и дека тужбата ќе биде „сеопфатна и по сите основи“.
„Периодот за кога велат дека се случил овој наводен разговор и периодот потоа, значи пред повеќе од 10 години, беше период на жестоки политички битки кога актуелни и на позиции беа менторите на Зоран Заев, а во тоа време и Груевски беше и во длабока конфронтација и со Љубчо Георгиевски, и ако било што имаше незаконски тие сигурно ќе постапеа против Груевски“, регираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Слично
