Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ смени 20 директори

ВМРО-ДПМНЕ смени 20 директори
Нов бран ја зафати владеачката ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму денеска информираа дека се сменети директори на дваесетина претпријатија и оти наскоро ќе бидат именувани нови. Cменети се директорот на Водостопанство Берово, раководител на подрачна единица на министррството за правда во Валандово, како и раководител на одделението на министерството за правда, на центарот за социјални работи, на центарот за управување со кризи, на агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и на центраот на култура 25 мај - сите во Валандово, соопшти Никола Тодоров член на ИК на партијата. Во Демир Хисар ќе биде сменет раководителот на подрачното одделение на агенцијата за катстар а нови директори ќе имаат и јавните комунални претрпријатија во градско Облешево и Василево. Нов директор ќе има и скопски Водовод и директорот на секторот механизација во истото јавно претпријатие. Во Струмица ќе биде сменет раководителот на одделите за фондот за здравство и раководителот на шумската полиција, во Велес раководителот на Агенцијата за вработување, во Неготино директорот на спортскиот центар Младост, раководителот на пазарниот инспкторат од Охрид и на Управата за имотно правни работи, додека во Кисела Вода нов директор ќе добие јавното комунално претпријатие.
Слично

Поврзани вести