Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО ДПМНЕ: Шеќеринска носи одговорност за многу погубни политики!

ВМРО ДПМНЕ: Шеќеринска носи одговорност за многу погубни политики!
По интервјуто на Радмила Шеќеринска дадено денеска за Фактор, владејачката ВМРО ДПМНЕ се обрати преку соопштение, во кое и порачува на Шеќеринска дека се однесува како да е од вчера во политиката. „А не е така, таа е во политиката повеќе од 20 години. Радмила Шеќеринска ја носи со себе целата одговорност за еуфоричната и безмилосна поддршка за сите катастрофални и погубни политики на Бранко Црвенковски и СДСМ, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение ВМРО ДПМНЕ потенцира дека „нејзините јавни настапи се бледи, површни и безидејни, без никаква идеја или суштина. Шеќеринска површно пристапува и кон политиката и кон вистинските проблеми и предизвици. Лесно се забележува дека нејзин интерес воопшто не се граѓаните и нивните реални потреби, туку сопствената амбиција и фрустрација за власт“. ВМРО ДПМНЕ смета дека од начинот на кој Шеќеринска коментира за годинешниот Извештај од Европската Комисија и од начинот на кој таа се однесува кон претставниците на меѓународната заедница непријатно им е на сите граѓани. „Шеќеринска треба да одговори како е возможно се да не е добро и се да е лошо во Македонија, а во исто време да добива препорака за започнување на преговори за полноправно членство во Унијата. Ние никогаш не сме кажале дека сите проблеми се разрешени, ниту пак дека нема предизвици, но односот на СДСМ и Шеќеринска е деструктивен и не и помага на државата, Очигледно е дека Радмила Шеќеринска подобро се снаоѓа на елитни забави далеку од граѓаните, во елитен и отуѓен свет. Нејзин интерес се кириите, скапите станови и вили. Од страна на ВМРО ДПМНЕ ја праќаат и сликата на Шеќеринска од забавата по повод јубилејот на Дајнерс. „Во однос на нејзините ставови за проектот Скопје 2014 ние само можеме во додаток да ви ја испратиме сликата на Шеќеринска на која се гледа нејзината блага насмевка, задоволство и гордост додека исправено стоеше, со целокупното раководство на СДСМ, на терасата во Стариот театар. Уживаа. ВМРО-ДПМНЕ е убедена дека само прашање на време е кога и Радмила Шеќеринска и другите луѓе од раководството на СДСМ ќе влезат и во Музејот на македонската револуционерна борба и ќе оддадат должна почит кон жртвата на хероите кои го дале својот живот за Македонија. Треба малку време да измине, но тоа неминовно ќе се случи“ , се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ по денешното интервју на потпретседателот на СДСМ за Фактор. Во интервјуто Шеќеринска остро го критикува владеењто на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ. Целото интервју кое беше повод за експресната реакција на партијата на власт, може да го видите ТУКА.
Слично

Поврзани вести