Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ сепак оди на избори

ВМРО-ДПМНЕ сепак оди на избори

ВМРО ДПМНЕ одлучи да учествува на изборите распишани за 5-ти јуни, јави Телма.

Според овој медиум се очекува до вечерва на полноќ владеачката партија да ги поднесе кандидатските листи до Државната изборна комисија.

Како што се додава, портпаролот на владеачката гарнитура Иво Котевски појаснил дека ваква одлука е донесена уште синоќа на седниците на Централниот и на Извршниот комитет.

ВМРО ДПМНЕ и коалициските партнери ќе ги објават носителите и составот на кандидатските листи откако ќе завршат сите формалности и откако пријавите ќе бидат и формално поднесени во ДИК.

Извор: Телма

Слично

Поврзани вести