ВМРО-ДПМНЕ се врати на преговарачката маса
Владејачката партија денеска се врати на преговорите со предлог-решенија за медиумската сфера.
Од ВМРО-ДПМНЕ ги повикаа новинарските здруженија, невладиниот сектор другите заинтересирани да достават свои предлози за медиумите.
Од опозициската СДСМ го прифатија овој предлог, но сметаат дека е задоцнет и направен со цел да се одовлекуваат преговорите.
Белгискиот посредник пак, Питер Ванхоуте, рече дека повеќето од предлозите ги нема во ниту една од државите, а тие не сакале Македонија да биде експериментална земја.
Претходно, ВМРО-ДПМНЕ ги прекинаа преговорите за медиумите, незадоволни од предлог решенијата за реформи во медиумската сфера. Премиерот Никола Груевски прстот го впери и кон посредникот Ванхауте, обвинувајќи го дека ја влошувал атмосферата за преговорите.
Ванхауте меѓудругото, предложи укинување на радиодифузната такса и одвојување 1% од буџетот за Јавниот сервис.
[button color="orange" size="small" link="http://faktor.mk/2015/12/01/reformi-vo-medumite-shto-s-predlagaat-strantsite/" target="blank" ]РЕФОРМИ ВО МЕДИУМИТЕ: Што се предлагаат странците[/button]
