Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ со протести се вклучува во верскиот натпревар

ВМРО-ДПМНЕ со протести се вклучува во верскиот натпревар

Владејачката партија се надоврза на повикот на Светскиот македонски конгрес мирно да се протестира пред Министертвото за внатрешни работи.

„Ние го разбираме гневот и револтот на граѓаните, бидејќи истите се сведоци дека техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски не стори ништо за да ја заштити нивната безбедност и да обезбеди владеење на правото во Општина Бутел, иако тоа му е обврска и за тоа е платен од граѓаните – велат од ВМРО-ДПМНЕ чии активисти во моментов се мобилиризираат на протест пред Министерството за внатрешни работи.

Целта е да се изрази револт против министерот Спасовски, од редовите на опозицијата, кој наводно не ги спречил активистите на ДУИ да ги срушат темелите на крстот во Бутел и да постават камп.

„СМК од протестот ќе упати барање до Министерството за внатрешни работи да обезбеди услови за доизградба на крстот во Бутел, да ја врати локацијата во владение на изведувачот на градежните работи и да преземе мерки против сторителите кои го оштетија имотот на градежната парцела “-  стои во соопштението од СМК.

Инаку, вчеравечер беше тензично во Бутел, откако група Македонци се појавија на контра-протест. Тројца полицајци беа повредени во немирите кои настанаа меѓу двете групи, Алабанци и Македонци, меѓу кои имаше полициски коридор, кој не дозволуваше двете толпи да се доближат.

Слично

Поврзани вести