Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ врши притисок врз Уставниот суд

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ врши притисок врз Уставниот суд
Од ВМРО-ДПМНЕ  реагираа на граѓанското движење АЈДЕ и на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Велат дека  СДСМ продолжува со срамните пресметки со највисоката државна институција, преку своите експоненти во невладиниот сектор.
„Срамно и скандалозно е кога генерален секретар на политичка партија, која во моментов извршува функција технички министер,  јавно му се заканува и го напаѓа Уставниот суд. Ваков однос и вакви предупредувања и повици упатени од член на извршната кон судската власт е мешање во работата на судот без преседан“-реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ на ваков начин демонстрира очај и паника. Огромна нула е кредибилитетот на СДСМ кога зборува за партизацијата во судството, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
 
Слично

Поврзани вести