ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ спрема сценарио за изборни инциденти!
СДСМ многу сериозно спремаат сценарио за непризнавање на изборните резултати од парламентарните и претседателски избори во недела, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според владејачката партија, социјалдемократите дале јасна насока и налог до нивните активисти и членови „да провоцираат проблеми и да создаваат конфликтни ситуации во деновите кои следат со цел да изградат алиби за својата погубна политика и за својот изборен пораз“.
„Ним им е јасно дека огромното мнозинство од граѓаните не ги поддржуваат. Но Зоран Заев и СДСМ не сакаат да го прифатат тоа. Впрочем, СДСМ се жали дека во првиот круг на изборите имало неправилности, но не поднесе ниту еден приговор до Државната изборна комисија или до било која државна институција, со што ја покажа својата лажлива приказна“, вели Илија Димовски, директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој тврди дека СДСМ има намера да ја втурне Република Македонија во многу голема политичка криза, па ја повика опозициската партија да не си поигрува со иднината на државата.
„Ова говори за незрелоста и неможноста на СДСМ и на нивниот лидер Зоран Заев да се справат со политичкиот пораз. Зоран Заев нема капацитет да се носи со својата одговорност. Зоран Заев нема капацитет да биде одговорен претседател на голема политичка партија“, вели Димовски.
Слично
