ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со афери ја покрива сопствената неспособност
Владејачката партија реагираше на денешната пресконференција на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, кој обелодени дека првата судијка на Уставниот суд, Елена Гошева, е фамилијарно поврзано со ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека со овие обвинувања опозицијата се обидувала да го девалвира Уставниот суд, државните институции и угледот на Република Македонија.
„СДСМ мора со афери да ја покрива сопствената непсособност, отсуството на програма и ниту една позитивна порака на СДСМ кон народот. Затоа СДСМ наместо да се посвети на идеи и проекти, се посветува само на фабрики за афери. Тоа кристално чисто ја покажува лицемерната политика на СДСМ”- се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека се уште цврсто стојат зад ставот во врска со актуелната иницијатива пред Уставниот суд и велат тоа не е променето од 2009 до сега.
