ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се служи со ниска интрига и лага!
После денешната прес конференција на опозицијата , со реакција се јави и владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ, кои образложуваат дека Петре Шилегов и СДСМ се служат со ниска интрига и лага.
Опозицијата на прес-конференција соопшти дека една од парцелите на Водно за која што тврди дека е на премиерот Никола Груевски, е во вредност од 5 милиони евра. Станува збор за катастерска парцела , во сопственост на оф-шор фирма од Белизе, чиј управител е кумот на Груевски од првиот брак, Ристо Новачевски, а сопственикот на фирмата не се знае. Во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ се вели Петре Шилегов и СДСМ нaмасто да манипулираат со јавноста, да се упатат и да го погледнат ова соопштение со кое се демантира нивната ниска интрига и лага. „Очигледно СДСМ стануваат се поочајни во своите јавни настапи. Сценариото на СДСМ во соработка со странски служби е веќе прочитана работа од страна на јавноста. На граѓаните им е кристално јасно дека СДСМ се обидува по секоја цена, со лаги, монтажи, конструкции и сеење магла да се доберат до власт без поддршка од народот.
За иронијата да биде поголема, СДСМ на денешната изјава го праќа да говори Петре Шилегов, човекот кој поседува имот од околу милион евра стекнат на сомнителен начин, непријавени приходи, сомнителни месечни закупнини, злато, накит, часовници и слики од над 180 000 евра и уште голем број други скандалозни афери. Ете тоа се луѓето на СДСМ кои се обидуваат преку конструкции и лаги да ја манипулираат јавноста. Ете затоа СДСМ ја нема и не може да ја добие поддршката од граѓаните.“ стои во соопштенито од владеачката партија.
