ВМРО-ДПМНЕ:СДСМ сака да го приватизира судството во Македонија.
СДСМ нема никаков кредибилитет да зборува за партизација во судството, бидејќи е позната како партијата која во само еден ден има избрано 617 судии и над стотина обвинители, одговараат од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на СДСМ.
СДСМ силно го поларизира народот и го насочува кон рушење на институциите на државата и системот, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, СДСМ сака да го приватизира судството во Македонија.
„СДСМ кога зборува за поврзаност на партијата со судството треба да се обрати кај Наташа Габер Дамјановска, сестра на Виктор Габер несудениот министер за надворешни работи од СДСМ. СДСМ треба да го запраша за поврзаност на партијата со судскиот систем и Гаврил Бубевски, десната рака на Катица Јанева и кумашин на Филип Медарски, адвокат на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Мајката на Филип Медарски, Елица Медарска е Јавен Обвинител во Вишото Јавно Обвинителство во Скопје, а неговата сопруга Софија Медарска е судија во Основниот суд Скопје 2, СДСМ сонува за ваква партиска испреплетеност во судскиот систем. СДСМ преку своите невладини експоненти упати срамни закани до судиите кои се чувари на уставноста, најавувајќи им дека ќе ги влече за уши и ќе ги крева на клоци само зошто истите не подлегнуваат на притисоците од Бихаќка“ - стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека од ваквиот однос на СДСМ кон институциите се срамат сите граѓани на Македонија и затоа казната за СДСМ доаѓа на 5-ти jуни, кога граѓаните ќе им пресудат десетти пат по пред.
