ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема кредибилитет да говори за здравството
Од владејачката партија реагираа на обвинувањата од СДСМ, дека во прилепската болница не може да се направи ниту една операција, бидејќи немало опрема и услови.
Oд ВМРО-ДПМНЕ велат дека условите во болницата не биле идеални, но за тоа била виновна опозицијата, бидејќи таква ја оставила.
„Она што долги години било расипувано, не може преку ноќ да се поправи! Откако беше изградена болницата во Прилеп, па се до пред неколку години кога оваа политичка гарнитура започна да издвојува средства за истата, во неа не беше инвестирано буквално ништо. Како и се друго, истата од вас беше заборавена, оставена на забот на времето, а за опрема и апарати не стануваше ни збор. Токму затоа СДСМ обидувајќи се само да добие дневни политички поени, во отсуство на конкретни проекти, нема кредибилитет да говори за здравството и здравствениот систем во Македонија.'' - стои во реакцијата.
Понатаму во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ ги набројува сите инвестиции што ги направиле во болницата.
