Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не успеа да ги казни пензионерите

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не успеа да ги казни пензионерите

Владејачката партија реагираше на соопштението на СДСМ,  со кое се осудува одлуката на ДИК за ново задолжување од 100 милиони евра.

Според ВМРО-ДПМНЕ, ветото на дополнителниот министер за финансии Кире Наумов било обид на опозицијата да спречи исплата на пензии и социјална помош.

„СДСМ сакаше да ја види Македонија на колена и да ја доведе во неизвесност егзистенцијата на 300.000 пензионери и на примателите на социјална помош. СДСМ сакаше да нема нови апарати по болниците, да нема нови патишта, да нема субвенции за земјоделците. СДСМ планираше да оди против својот народ. Ваквиот деструктивен обид на СДСМ за да ѝ наштети директно на Република Македонија – пропадна” – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, со одлуката на ДИК да се отфрли ветото на Наумов, утре Македонија ќе се задолжи за 100 милиони евра, овојпат кај домашните банки.

Слично

Поврзани вести