Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ настапува деструктивно и безидејно

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ настапува деструктивно и безидејно

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа на прес-конференцијата на Дамјан Манчевски од СДСМ, кој побара да запре изградбата на панорамското тркало во Вардар, кое ќе чини 20 милиони евра и парите да се инвестираат за гасификација.

Велат дека ова не е ништо ново од СДСМ, партија која постојано настапува деструктивно и безидејно, без ниту еден конкретен предлог за реално подобрување на животот на скопјани.

„Токму спротивното – СДСМ во гнев и немоќ го оштетува и руши тоа што е направено за градот и неговите жители. СДСМ може само да сонува дека така се добива довербата од граѓаните. Ова е докажано безброј пати на избори, а казната за СДСМ од граѓаните поради нивното деструктивно делување ги чека во првата наредна прилика“ - стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата тврдат дека СДСМ е гневна за сите проекти кои ги реализираат.

Слично

Поврзани вести