ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ на најнизок начин манипулира со јавноста!
На обвинувањата на СДСМ реагираше владејачката ВМРО ДПМНЕ. Од партијата велат дека СДСМ на најнизок и безобразен начин продолжуваат да се обидуваат да ја манипулираат јавноста.
-Наводната афера за земјиштето за кое што Дамјан Манчевски зборува е само продолжение и блед обид за рушење на угледот на Премиерот Никола Груевски.Впрочем Дамјан Манчевски е човекот кој најмалку треба да зборува за наводни криминалии и афери, бидејќи тој самиот и е познат на јавноста по тендерите кои што ги добива од Градоначалниците на СДСМ. Шефот на кабинет на Шеќеринска и нејзин вечен привезок, очигледно добро го научил школото на своите партиски ментори во врска со криминалиите.СДСМ и Манчевски да престанат со неаргументирани изјави и да се посветат на реални проекти и програма, бидејќи граѓаните ја препознаваат гнасната и црна пропаганда наспроти проектите, делата и неуморната работа, стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.
Првичната намена на плацевите беше зеленило
Инаку плацевите првично беа со намена зеленило, но со промена на деталните урбанистички планови во општината Ценатр се пренаменија во градежни. По објавувањето на опозициските бомби во јавноста со реакции излегоа и жителите на улицата Питу Гули, каде што се наоѓа една од парцелите. Тие укажаа дека доколку почне да се гради на ридот нивните домови ќе бидат доведени во опсасност, за што го известија и градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски. Тој тогаш најави дека ќе формира комисија која ќе ги утврди што точно се случувало со урбанистичките планови.
Најголем дел од измените овие ДУП-ви што ги посочува СДСМ се направени во времето кога со општината Центар раководеше Владимир Тодоровиќ..ДУП-вите за парцелите за кои СДСМ посочува во прислушуваните материјали, беа одобрени лани, кога се случи и најспорната седница на Советот на општина Центар.Измените се изгласаа доцна во ноќта а градоначалникот на Центар, Жерновски, и советниците од опозицијата ја напуштија салата.Тогаш на седницата останаа само претседавачот на Советот, Мирослав Шиповиќ, и советниците на ВМРО-ДПМНЕ, а беа усвоени двата ДУП-а.
Дел од архитектите веќе неколкупати посочуваат дека измените на урбанистичките планови особено зачестиле со почетокот на реализацијата на владиниот проект Скопје 2014-та.Еден од најконтоверзните планови ДУП-то Мал Ринг, само во 2012-та година е дополнет и изменет над 10 пати. Од архитектонската фела алармираат дека некои од урбанистичките планови се усвојаат по секоја цена без детални анализи и истражувања на терен, а штетите од нивната имплементација на терен се непроценлви..
Слично
